DM Series АквариумDM Series Аквариум

Price range: 8.100,00 ден through 10.290,00 ден

Сигурна достава

Продавници блзиу вас

Најдобри цени

Опис

Комплетен аквариум со капак, светло, поден и топ филтер достапен во црна боја.

ПОСТАВУВАЊЕ НА АКВАРИУМ

*Прво треба да се избере рамна и цврста површина која што ќе ја издржи тежината на аквариумот. Аквариумот мора целосно да е поставен на површината, што значи дека не смее ниту еден дел или ќош од него да виси, во спротивно доаѓа до нееднакво распоредена тежина со што постои голем ризик од пукање на стаклото.

*Аквариумот се пребришува со влажна крпа (само со вода)

*Се пере филтер материјалот и се враќа назад

*Се перат песокот и декорацијата(само со вода) и се ставаат во аквариумот

*Се полни со вода од чешма која се третира со кондиционер за вода према литражата

*Се дозира течна позитивна бактерија(ја прави млечно бела водата со тоа што во рок од 24 часа треба да се избистри и овозможува по 24 часа од дозирањето да се населат првите рипки)

*Се уклучува пумпата

*Грејачот се потопува во вода и се остава 10-тина минути да се прилагоди, па потоа се уклчува во струја.

*Пумпата и грејачот мора да бидат целосно потопени во вода додека работат!

*Светлото работи 8-10 часа најмногу, во спротивно ќе се создава многу алга.

*Не смее да се користат никакви хемикалии и средства за чистење! Се мие и чисти исклучиво само со вода

По едноставно прилагодување на рипки:

*Рипките мора да се прилагодат на температурата и составот на водата во аквариумот.

Се отвара кесата, се става во аквариумот така што се остава да плута или се прикачува на стаклото. На 5 минути разлика се додава по малку вода од аквариумот во кесата 3-4 пати, а потоа се пуштаат само рипките во аквариумот.

*При промена на вода се исклучуваат од струја пумпата и грејачот за да не дојде до прегорување. Рипките не се вадат од аквариум!

*Вода се менува на 7-14 дена во зависност од големината на аквариумот и тоа 30% и новата се третира со кондиционер за вода со тоа што мора да се запази температурата на новата вода да биде како на таа во аквариумот!

*Филтер материјалот се пере и се враќа назад, но и треба да се промени по одреден период кога веќе не ја врши потребната функција.

*На одреден период се чисти и пумпата од аквариумот(магнетот и другите делови) за да се одржи добра и константна филтрација и да не дојде до запушување на отворите.

*Рипките се хранат еднаш дневно така што количината на храна што ќе ја ставите треба да биде изедена во рок од 1 до 2 минути максимум (во зависност од какви рипки се чуваат, сите рипки не јадат со иста брзина)

*Не смее да се ставаат школки и декорации што не се наменети за во аквариум!

Дополнителни информации

Тежина 15 кг
Димензии 61 × 33 × 48 cm
модел

DM-600, DM-800

Критики

Нема критики сеуште.

Само најавени корисници кои го купиле овој продукт може да остават коментар.

Слични производи

  • MY-10 – Филтер пумпа

    610,00 ден

  • MY-07 – Филтер пумпа

    500,00 ден

  • MY-05 – Филтер пумпа

    450,00 ден