
Посветено се грижиме за вашите миленици
Компанијата Декспорт ДООЕЛ е основана во 1991 година која се занимаваше со дејност која нема допирна точка со тоа што се занимава денес. Акваристиката беше омилено хоби на оснивачот, па во 1997 година реши професионално да почне да се занимава. Така започна приказната, која и понатаму се трудиме да ја одржиме.
Во 2015 година се преселивме во новиот продажен центар на ул. Лондонска бр 19, ТЦ Олимпико, Скопје, но притоа не сакавме да ги изоставиме останатите домашни миленици па го проширивме нашиот асортиман.
Нашата акваристичка понуда се состои од производи од познатите производители Сера од Германија и Ресун, Минијанг Аквариум и Цикос од Кина. Но, несакавме и другите домашни миленици да бидат скратени од квалитетни производи па за Нив имаме проозводи од брендовите Леопет, Фарм Компани и Инак од Италија, Амиплеј од Полска и Павстар од Турција.
Нашата цел е секогаш да понудиме уникатни, трендовски и квалитетни проозводи. Секогаш сме тука за Вас ако Ви се потребни совети и решенија..
До 2024 година нашите производи беа достапни само во нашата продавница и во продавниците на нашите соработници, но сакавме да бидеме подостапни па ја направивме оваа нова веб страна. Со оваа веб страна можеме да Ви понудиме 24/7 достапност на сите производи, брза испорака и враќање/замена на производи според закон на РС Македонија.

Запознајте го нашиот одличен персонал
Страствен за животни
Препораки од корисници
Прекрасни совети !!
Верица
Аквариумот е со врвен квалитет и одлична поддршка.
Мелита
Тоа е тоа најдобри се.
Ивица
Персоналот е многу пријатен и услужлив, со трпение ви објаснуваат за секој производ а цените се навистина ниски…
Бранко
Топло ви препорачувам да го посетите салонот, можете да најдете се за вашите миленици.
Валентина
Без коментар, врв се !!
Сара




